Кувајт: 11 години затвор за порака на „Твитер“
Вторник, 11 јуни 2013 – Судот во Кувајт ја осудил Худа ал Ајми на 11 години затвор за порака на „Твитер“ која била навредлива за владетелот на земјата и поттикнувала негово соборување од власт. Худа ал Ајми, 37-годишна учителка, е првата жена за која се знае дека е осудена за критикување на владетел на една од арапските земји на Персискиот Залив, шеикот Сабах Ал Ахмад Ал Сабах, кој според Уставот на оваа земја е неприкосновена личност, пренесува „Франс прес“.
Судот на Ајми и одредил две последователни петгодишни затворски казни за навредување на емирот и едногодишна за навредување на верската секта чиј идентитет не е наведен.
Како што пишува „Франс прес“ Ајми се’ уште не е приведена и може да вложи жалба на пресудата. Taa ги негира обвинувањата и тврди дека нејзиниот профил на „Твитер“ бил хакиран.