/ Прочитано:

1.488

КЗД утврди дискриминација врз основа на пол во оглас за вработување

Постапувајќи по претставка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Комисијата за заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз основа на пол од страна на Олимписки базен ,,Центар’’ во Скопје кон потенцијални кандидати за добивање на работен ангажман.

„Претставката, која што Комитетот ја поднесе до КЗД во март годинава, се однесува на оглас за вработување, објавен на 13 март 2019 година на фејсбук страната на деловниот субјект, за две работни места – рецепционерк/ка со полно работно време и хигиеничарка со полно работно време.

Според наводите во добиеното мислење од КЗД: Комисијата со Барање за изјаснување  се обрати до Олимпискиот базен Центар да се произнесе по претставката. На ден 03.04.2019 година до Комисијата е доставен одговор со кој ги негираат наводите во претставката и во кој што наведуваат дека во прилог се доставени докази ППР образец и Договор за работа на работно место хигиеничар склучен со лице од машки пол. Меѓутоа, Комисијата од доставените докази не може да увиди дека не станува збор за дискриминација, односно во ППР образецот нема никаков податок за вработено лице, освен потребен број на работници. Додека, пак, наведениот договор за вработување е нецелосен, без потписи, склучен на 18 март 2019, а со важност од 1 март 2019 година.’

Со оглед на утврдената директна дискриминација врз основ на пол во областа на работа и работните односи, односно оневозможувањето на припадниците на машкиот пол да се јават на огласот, КЗД препорачува да се поништи огласот и повторно да се објави без наведените дискриминаторски содржини. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, дискриминаторот е должен во рок од 30 дена од приемот на препораката да постапи по истата и за тоа да ја извести Комисијата.

Хелсиншкиот комитет продолжува со документирање и пријавување на дискриминаторски огласи за работа и ја поздравува праксата на утврдување на дискриминација во ваквите огласи од страна на КЗД.

Апелираме до работодавачите да не објавуваат дискриминаторски огласи за вработување и ги повикуваме сите кои се почувствувале дискриминирани да го пријават случајот во Хелсиншкиот комитет за човекови права“, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.

Жените почесто од мажите се обраќале до Комисијата за заштита од дискриминација

Најмногу претставки за дискриминација врз основа на личен и општествен статус и од областа на работните односи

Истражување: Жените се многу повеќе изложени на родово базирана дискриминација на работното место отколку мажите

Скопски ресторан упати јавно извинување за дискриминацијата врз девојка која носела хиџаб

Комисијата за заштита од дискриминација за првпат утврди дискриминација по спроведено тестирање на ситуација

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за спречување и заштита од дискриминација

Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis) во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

За тужбата со која се иницира судска постапка како actio popularis

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В