Ланската година регистрирани 1.403 дивоградби
Понеделник, 10 јуни 2013 – Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2012 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 1.403 бесправно изградени објекти.
Најголемиот дел, односно 622 дивоградби се регистрирани се во Скопје, на второто место е Тетово со 90, па Прилеп со 77.
Од скопските општини најголем број дивоградби 131 се регистрирани во Карпош, потоа 121 во Аеродром, па следи Центар со 119, 50 во Чаир…
Според видот на објектот, бесправно се изградени 215 објекти за домување1) (15.3%), 208 доградби, надградби и адаптации (14.8%), 148 деловни објекти (10.5%), 163 гаражи (11.6%), 215 огради (15.3%), 13 скалила (0,9%), 34 тераси (2.4%), 48 летни тераси (3.4%), 107 настрешници (7.6%), 115 времени објекти (8.2%) и 137 помошни објекти (9.8%).
Најголем број бесправно изградени објекти (94.5%) се во приватна сопственост.