Лазарова-Трајковска, Арифи и Малески – советници во Кабинетот на претседателот на државата
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права и уставна судијка Мирјана Лазарова-Трајковска, професорката Беса Арифи и професорот и поранешен министер Денко Малески ќе бидат надворешни советници во Кабинетот на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски. Надворешни советници ќе бидат и поранешниот министер Александар Димитров и амбасадорот во пензија Александар Тавчиовски.
Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе биде советник и соработник за стручни, научни мислења и совети. Блерим Кољали ќе биде советник за национална безбедност, Гоце Карајанов за надворешна политика, Билјана Радева за односи со јавноста, а Љуљета Адеми ќе биде задолжена за односи со лицата со посебни потреби. Советници ќе бидат и Тоше Зафиров и Биљана Мицевска, која ќе биде задолжена за протоколот, како и Катерина Цаневска – Арсовска како советничка за медиуми.
Миле Бошњаковски ќе биде генерален секретар во Кабинетот на претседателот, а Ерол Муслиу ќе биде нов директор на Агенцијата за разузнавање.
Претседателот Пендаровски повикува на граѓанско помирување
Надлежностите на претседателот на државата според Уставот
Официјални податоци на ДИК: Стево Пендаровски е новиот претседател на државата
Официјално соопштение на ДИК за утврдените резултати од гласањето на изборите
Постапката за вториот круг на претседателските избори
Официјални податоци на ДИК за првиот круг на претседателските избори
М.В