/ Прочитано:

1.063

Лажна дојава за бомба во Министерството за економија

Петок, 31 мај 2013 – По лажна дојава за бомба, денеска околу 14 часот беше евакуирана зградата на Министерството за економија.

Заканата за бомба го испразни Министерството за економија. Од МВР информираат дека веднаш откако е пријавено во полиција, екипи за антитероризам ги превземале неопходните мерки и активности.

По деталниот преглед на зградата, полицијата констатирала дека станува збор за лажна тревога.

Попладнево, во редакција на дневниот весник „Дневник“ телефонски се јавила анонимна граѓанка која пријавила дека имало поставено бомба во зградата на Министерството за економија.