/ Прочитано:

1.026

Легализирани 2.300 дивоградби во Општина Илинден

Среда, 15 мај 2013 – Од 6.170 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Илинден, досега се издадени околу 2.300 решенија и согласности.

Граѓаните што не ја комплетирале потребната документација, тоа треба да го сторат најдоцна до јуни следната година. Ова најчесто се однесува на геодетските елаборати,  информираат од Општина Илинден,.

Со цел да се запознаат граѓаните со начинот на легализацијата, Општина Илинден организираше повеќе трибини кои беа масовно посетени од граѓаните.