/ Прочитано:

951

Лекарите и медицинскиот персонал на протест под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“

Здравствените работници, лекарите и медицинскиот персонал денеска под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“ ќе протестираат за да испратат порака дека треба да престанат насилството и нападите врз нив кои се случија  изминатиот период, но и години наназад.

Протестот ќе се одвива на повеќе локации, и тоа на хелидромот пред  Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пред ГОБ „8 Септември“, пред поранешна Градска болница, пред поликлиники и здравствени домови, пред ординации, пунктови. Протестот ќе се одржи во периодот кој е предвиден за пауза, од 11:00 до 11:30 часот.

Од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти бараат подобрување на условите за работа, нагласувајќи дека и покрај  постоењето на супстандардни услови, мораат да носат одлуки за нечиј живот и здравје под закана од насилство.

Инаку, според законодавството, нападот врз здравствените работници се смета за напад врз службено лице и е казнив. Тоа се пропишува и во новиот Предлог-закон за лекарска дејност. Лекар кога врши здравствена дејност и дава здравствени услуги, се вели во Предлог-законот, се смета како службено лице кое врши службена должност врз основа на овластување дадено со закон.

Физичкиот и психичкиот интегритет, личноста и достоинството на лекарот, како и неговата сигурност мора да се почитуваат и лекарот има право на заштита на овие права кога врши здравствена дејност и кога дава здравствени услуги како службена должност.

Напад врз лекар при вршење на здравствена дејност и давање на здравствени услуги како службена должност се смета како напад врз службено лице при вршење на здравствена дејност и давање на здравствени услуги како службена должност.

Исто така, во Законот за заштита на правата на пациенти, покрај правата на пациентите, се предвидуваат и нивни должности.  Должности на пациентите, во согласност со Законот, се дека мора ги почитуваат правилата за однесување, односно куќниот ред во здравствената установа и да го почитуваат професионалното и човечко достоинство на здравствените работници.

Објавен текстот на Предлог- законот за лекарска дејност

Лекарската дејност ќе се уреди со посебен закон: Во подготовка Закон за лекарска дејност

Група пратеници предлагаат Закон за докторска дејност

Побрзо донесување на Законот за докторска дејност и измени на Законот за здравствена заштита бараат лекарите

Измени на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина чија цел е академската слобода

МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЗАКОН ЗА ДОКТОРСКА ДЕЈНОСТ: „Се соочуваме со егзистенцијални проблеми и приморани сме да си одиме од земјава“

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ НОВИ ЗАКОНИ ЗА ДОКТОРСКАТА ДЕЈНОСТ: „Подобри закони за поголема заштита“

ЈАВНА РАСПРАВА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО: Стручната јавност бара нови и посебни законски решенија за лекарите, медицинските сестри, техничарите и акушерките

М.В