Лекарската дејност ќе се уреди со посебен закон: Во подготовка Закон за лекарска дејност
Министерството за здравство подготвува Закон за лекарска дејност. Целта на Предлог-законот е да се уредат условите и начинот на вршење на докторската дејност, потоа правата и должностите на докторите на медицина во вршењето на докторската дејност, како и прашања кои се однесуваат на вршењето на јавните овластувања на Комората.
„Со Законот за здравствената заштита е уредена и материјата поврзана со здравствените работници со високо образование од областа на медицината, издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето на лиценците за работа, статусот на Лекарската комора на Република Северна Македонија и нејзините јавни овластувања во постапките за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците и вршењето на стручниот надзор над работата на здравствените работници. Оваа материја е уредена заедно со здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата и недостасуваат одредени специфики во однос на вршењето на докторската дејност. Уредени се и одделни прашања поврзани со правата и обврските на докторите на медицина. Лекарската комора во повеќе наврати иницира вршењето на докторската дејност да се уреди во посебен закон за да се уреди во целина материјата поврзана со вршењето на докторската дејност“, образложуваат од Министерството за здравство.
Инаку, покрај барањата на Лекарската комора за посебен закон за докторска, односно лекарска дејност, пред неколку години младите лекари, исто така, побараа донесување ваков закон. Тие побараа да се изнајде начин и модел за сите отворени прашања и проблеми што ги засегнуваат младите лекари да се решат преку донесување на посебниот закон за лекарска дејност.
Група пратеници предлагаат Закон за докторска дејност
ЛЕКАРИТЕ БАРААТ НОВИ ЗАКОНИ ЗА ДОКТОРСКАТА ДЕЈНОСТ: „Подобри закони за поголема заштита“
М.В