/ Прочитано:

1.343

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

Од Лекарската комора денеска упатија апел до лекарите и до медицинскиот персонал да ги почитуваат препораките во врска со коронавирусот.  Тие, нагласија од Комората, мора да се однесуваат во согласност со принципите на професијата и да се однесуваат како што доликува на лекарската професија – одговорно и разумно.

Денешната прес-конференција на Комората беше одржана и во врска со директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која се заразила со коронавирус во Италија, и која наместо да ги почитува препораките за заштита од вирусот, неколку дена одела на работа.

„Ве информирам дека пациентката е жена, наша колешка лекар, која пред една недела допатувала од Италија. Таа докторка е директорка на Клиниката за кожни болести, и практично после враќањето во земјава во изминатите пет работни дена одела редовно на работа“, потенцираше вчера министерот Филипче, кој го искажа и своето разочарување од однесувањето на колешката.

Во врска со овој случај, како што информираа од Комората, Лекарската комора преку своите органи ќе постапи во согласност со законските прописи, со Статутот на Комората и со подзаконските акти. Лекарката, додадоа од Комората, може да добие јавна опомена како највисока казна, а за тоа ќе одлучува етичката комисија на ЛКМ. Од Комората посочија и дека против лекарката досега нема поведено кривичноправна постапка, што пак е поврзано со одземањето на лиценцата.

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В