Летното сметање на времето според Законот за сметање на времето
Во Македонија важи времето што му соодветствува на универзалното координатно време зголемено за 1 (еден) час (средноевропско зонско време).
Во однос на времето, се пропушува во Законот за сметање на времето, се воведува летно сметање на времето со поместување за еден час нанапред.
Летното сметање на времето се воведува во периодот од последната седмица во месец март до првата седмица во месец април, а се завршува во периодот од последната седмица во месец септември до последната седмица во месец октомври.
Владата на Република Македонија најдоцна четири месеци пред денот на почетокот на летното сметање на времето ќе ги определи, во рамките на периодот утврден во член 2 став 2 на овој закон, денот и моментот на воведувањето на летното сметање на времето, како и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето.
Претпријатијата и другите правни и физички лица што работата ја организираат во една смена, го утврдуваат работното време и распоредот на работното време така што работниот ден се одвива во рамките на обденицата.
По исклучок заради природата на дејноста или определени работи и во други случаи утврдени со закон, односно одлука на надлежен државен орган, односно надлежен орган на локалната самоуправа, во согласност со законот, општиот акт на работодавецот, работното време може да биде на друг начин определено.
Летното сметање на времето започнува на 28 март во 2:00 часот
M.В