/ Прочитано:

3.092

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повикан како сведок во постапка од страна на СЈО

„Претседателот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција се силни поддржувачи на законската, транспарентна и непристрасна работа на Специјалното обвинителство, без етнички, верски, партиски или политички предрасуди. Претседателот Ахмети секaко дека ќе ја испoлни својата граѓанска должност во поддршка кон независните институции“, наведува Груби во својот статус на Фејсбук.

Али Ахмети и Артан Груби, ДУИ/Извор: Фејсбук

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својство на сведок во предистражна постапка, во четврток ќе биде сослушан од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Како што потврдуваат оттаму, Ахмети ќе биде сведок во постапката што се води пред Специјалното јавно обвинителство.

„Со оглед на тајноста на предистражната постапка, нема да соопштуваме дополнителни информации“, додаваат од СЈО.

Портпаролот на ДУИ, Артан Груби, пак, на својот фејсбук-профил напиша дека Ахмети е сведок во случајот „Космос“. Според Груби, лидерот на ДУИ ја добил поканата во својство на сведок минатата недела.