/ Прочитано:

3.374

Љубе Бошкоски пуштен од затвор. Му заврши петгодишната казна за случајот „Кампања“

Бошковски издржуваше казна затвор од 5 години, која му беше досудена во предметот „Кампања“ во кој тој беше обвинет за незаконско финансирање на изборната кампања на неговата партија Обединети за Македонија на изборите во 2011 година.

Љубе Бошкоски на судењето за „Ровер“

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски денеска бил ослободен од затворот „Идризово“. Директорот на затворот, Живко Пејковски, потврдува дека Бошковски попладнево го напуштил „Идризово“.

Бошковски издржуваше казна затвор од 5 години, која му беше досудена во предметот „Кампања“ во кој тој беше обвинет за незаконско финансирање на изборната кампања на неговата партија Обединети за Македонија на изборите во 2011 година.

За неговото апсење, кое се случи на 6 јуни 2011 година, Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот „Тортура“ во кој за седум лица постои основано сомнение дека сториле кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.

Од затворската управа одбраната на Бошковски уште во февруари побара Бошковски да биде пуштен три месеци пред истекот на казната затвор од 5 години, која завршува на 6 јуни 2016 година, поради добро поведение и поради тоа што според законот му следуваат тие три месеци.

Во март, кога се очекуваше тој да биде пуштен на слобода, директорот на затворот Живко Пејковски преку соопштение истакна дека Бошковски не може да излезе од затвор поради постапката што се води против него за случајот „Ровер“.

Овој предмет се наоѓа во фаза на трето повторено судење. Казната што му ја досуди судот на Бошкоски за „Ровер“ изнесува 10 години и шест месеци затвор.

М. С.