„Љубовта кон правото нѐ прави истрајни дека правото ќе надвладее“ – Рамије Абдурахими-Цара, судијка во Управниот суд
За љубовта кон правото
Прашањето за љубовта кон правото е интересно прашање особено во времето кога се поставува – време кога правото е фатено за гуша, како и сѐ околу правото. Којзнае, можеби токму постоењето на некаква си љубов кон правото прави да истраеме како правници, а посебно како судии, со надеж дека правото ќе го добие местото што му е узурпирано од квазиправото и од политиката, вели судијката Рамије Абдурахими-Цара.
Вербата во правдата ме водеше кон патот
Љубовта кон правото кај мене се јави поради вербата дека постои правда. Токму таа верба ме водеше кон патот еден ден да бидам дел од тоа право, а посебно дел од правосудниот систем на државата.
Сепак, додава судијката, за да се биде добар правник, љубовта кон правото не е доволна. Пред сѐ е потребно да се има способност или умешност да се толкуваат и да се применуваат законите. Квалитетот на правникот е важен предуслов за правилна примена на правото.
Правото треба да има квалитетни закони
„Од друга страна, пак, за да постои правилна примена на правото, треба да има квалитетни закони како предуслов за владеење на правото. Во едно вакво преплетување и надополнување на еден услов со друг, љубовта а посебно вербата кон правото нѐ прави истрајни дека на крајот ќе надвладеат правото и вистинските правници“, истакнува судијката.
Главниот адут на еден правник е неговата совест
„Имајќи предвид дека идните генерации правници ја имаат среќата да се подготвуваат и да се обучуваат во духот на глобализацијата на општеството, во постоење на правото кое ги преминува границите на државата, во која улога и да се најдат утре, доколку ги сочуваат вербата и љубовта кон правото, секако дека ќе имаат успех во практикувањето на професијата. Но јас би додала и нешто што е главен адут за еден правник – совеста на правникот, односно ќе го пренесам советот даден од мојот професор по управно право од Правниот факултет во Приштина, познатиот и почитуван сега покоен академик Есат Ставилеци, ‘Чистата совест на правникот го обелува образот на правото’“, истакнува судијката.
- „Од дете се бунтувам за правда“ – Маја Ристова, адвокат
- „Правниците отсекогаш биле носители на интелектуалните движења и промени“ – Иван Дургутов, магистер по право
- „Правото има метафизичка димензија која треба да се почувствува“ – Дарко Павловски, национален правен офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- „Правото, а особено адвокатурата е креативна професија за оние кои го сакаат и го владеат правото“ – Кристијан Поленак, адвокат
- „Бидете правници со интегритет!“ – Александра Груевска-Дракулевски, професор и продекан за настава на „Јустинијан Први“
- Силјановска: Мојата љубов кон правото беше сократовска
- Уранија Пировска: „Љубовта кон правото е љубов кон правдата“
- „Никогаш не предавајте се затоа што промената почнува од вас самите“ – Дитурие Елези-Незири, судијка во Управниот суд
- „Сите знаења на правниците треба да бидат употребени за подобрување на правната држава“ – Андреј Божиновски, правен советник
- „Ако правото е љубов, адвокатурата е страст“ – Петро Јанура, адвокат
- „Без бескрајната љубов кон правото и кон адвокатурата невозможно е да се издржат сите притисоци“ – Петар Трајковски, адвокат
- „Љубовта кон правото нѐ прави истрајни дека правото ќе надвладее“ – Рамије Абдурахими-Цара, судијка во Управниот суд
- „Неуморно верувам во правото и правдата“ – Росица Ефтимовска, менаџер за правни обуки во Академик
- Интервју за љубовта кон правото со тимот адвокати од „Георги Димитров адвокати“
- Наташа Габер-Дамјановска за љубовта кон правото: Привлечност на предизвикот да се изнајде адекватно правно решение
Февруари во Академик