/ Прочитано:

664

Лобирање во урбанистичкото планирање

На дневен ред на денешната собраниска седница е и дополнетиот Предлог-закон за лобирање. Дополнувањето на Предлог-законот се однесува на лобирањето во урбанистичкото планирање.

Лобирањето, се пропишува во Предлог-законот, претставува активност со цел остварување влијание врз процесите на подготвување, донесување и изменување на:

  • закони, подзаконски или други општи акти,
  • јавни политики, односно програми што ги донесуваат органите кај кои се лобира, особено кога тие политики, односно програми се однесуваат на просторното и урбанистичко планирање, развој и доделување, односно распределба на јавни средства.

Лобирањето подразбира контакт со лице кај кое се лобира со цел конкретно насочено влијание врз процес, односно врз содржина на јавни политики, односно програми, прописи и други акти, а кој контакт се остварува вон утврдена и започната постапка, односно процедура и не претставува јавно соопштен став односно мислење, ниту пак учество на повик, односно на барање на орган кај кој се лобира во  работа на подготвување, разгледување или барање, односно давање фактографски информации, односно податоци или стручни мислења за иницијативи и предложени решенија за јавни политики, програми, закони, други прописи и општи акти.

Основна цел на предложениот закон, се вели во законското образложение,  е транспарентност на процесите на подготвување, донесување и изменување на јавни политики, односно програми, закони, подзаконски или други општи акти.

„Целта на носењето на овој закон е поефикасна превенција на корупцијата“, се истакнува во образложението на Предлог-законот, кој е во фаза на второ читање.

Нов Предлог-закон за лобирање со европско знаменце

Второ читање на Предлог-законот за лобирање

Што претставува лобирањето

Комисиска расправа за законите за лобирање, за правда за децата и за пензиското осигурување

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Објавен текстот на Предлог-законот за лобирање, кој ќе овозможи влијание при донесувањето прописи

Во подготовка измени на Законот за лобирање

М.В