Љубовен триаголник е мотивот за двојното убиство и самоубиство
Вторник, 1 јануари 2013 – Мартин Перин е девојката што беше пронајдена со прострелна рана во главата во возилото на Кирил Ристевски кој претходно ја застрелал својата свршеница пред очите на баба му, а потоа се самоубил во близина на училишниот двор на ОУ „Круме Кепески“.
Maрта Перин (27) е поранешна девојка на Кирил Ристевски кој својата љубовна романса ја почнале пред 5 години. Пријателите зборуваат за патешествието кое го поминувала Перин поради болната љубомора на Ристевски. И покрај веридбата на сега веќе починатиот убиец со Виолета Талевска (27) тој се уште ги немал расчистено односите со поранешната девојка. Полицијата веќе знае дека се работи за љубовен триаголник, но детално ќе се утврдуваат мотивите и начинот на кој убиецот ги застрела двете девојки, па самиот со пресуди со прострелна рана во главата.
Во неделата 30.12.2012 година, според првичните информации, Ристевски пред очите на својата 84 годишна баба ја застрелал вереницата, потоа со идентична прострелна рана во главата и пресудил на поранешната девојка, па потоа си го одзел животот. Бабата веднаш пријавила во полицијата, набргу беше пронајдено безживотното тело на Перин кое не можеше два дена да се идентификува поради тоа што во себе носела само кутија цигари. По неколку часа во близина на ОУ „Круме Кепески“ беше пронаден Ристевски кој си пукал во главата а пиштолот марка „Валтер“ бил пронајден до неговото тело.