/ Прочитано:

853

Лустриран поранешен новинар

Вторник, 11 јуни 2013 – Поранешен новинар на весникот „Нова Македонија“, кој бил кандидат за пратеник на параламентарните избори во 2011 година, е прогласен за соработник на тајните служби.

Од Комисијата за верификација на факти објаснуваат дека пред изборите новинарот добил потврда дека не е соработник, но Комисијата открила нови докази со кои сега ќе го измени решението, а новинарот ќе биде прогласен за соработник и нема да смее да се занимава со било каква јавна функција. Станува збор за новинар кој соработувал со службите во периодот од 1968 година до почетокот на 80-ите години. Како новинар бил до­бит­ник на нај­ви­со­ки др­жав­ни приз­на­ни­ја за но­ви­нар­ство и пуб­ли­цис­ти­ка, а соработувал на линија на сепаратизам и национализам. Според податоците на Комисијата  на служ­би­те им дос­та­ву­вал по­да­то­ци за свои бли­ски при­ја­те­ли, со­ра­бот­ни­ци и лич­нос­ти од об­лас­та на ли­те­ра­ту­ра­та и умет­нос­та.