Лустриран поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски
Понеделник, 27 мај 2013 – Меѓу лустрираните, денеска се најде и поранешниот министер за внатрешни работи и за надворешни работи, професорот на Правниот факултет Љубомир Фрчкоски. Според Комисијата, поранешниот министер, во деведесетите, кога раководел со полициските служби, со свој потпис, наредувал следење на политички неистомисленици.
Освен Фрчковски за наредбодатели се прогласени и шестмина други поранешни функционери, а еден е прогласен за соработник на тајните служби.
Осум од членовите на Комисијата биле „за“ да се лустрира поранешниот министер, додека еден член, Чедомир Дамјановски бил „против“, бидејќи сметал дека тоа е неуставно и незаконски. Имињата на лустрираните ќе бидат објавени на интернет страницата на Комисијата во рок од три дена.