/ Прочитано:

1.079

Македонски државјанин уапсен за шверц на дрога во Швајцарија

Среда, 27 март 2013 – Македонски државјанин бил уапсен на швајцарско-француската граница, откако во неговиот автомобил била пронајдена помала количина на хероин. Засега се знае дека уапсениот е емигрант во Швајцарија кој работел во близина на Базел. 

Македонски 38-годишен државјанин чиј идентитет не се наведува, вчера бил уапсен на границата меѓу Франција и Швајцарија, откако во неговиот автомобил полицијата открила хероин вреден 40.000 швајцарски франци. Инаку, Македонецот од страна на полицијата бил запрен поради брзо возење, но им бил сомнителен на полициските службеници, па затоа извршиле претрес во неговото возило, при што ја пронашле дрогата.

„Лицето беше нервозно и не можеше да се контролира себе си при верификацијата, што ги зголеми нашите сомневања. Вредноста на запленетата дрога е 40 илјади швајцарски франци“, информирале од швајцарските полицијата.