/ Прочитано:

869

Македонија и БиХ ќе потпишат договори од правосудната област

Вторник, 12 март 2013 – Република Македонија и Босна и Херцеговина ќе потпишат три договoри од правосудната област. Потписи на договорите ќе стават министрите за правда Блерим Беџери и Бериша Чолак.

Ќе бидат потпишани договори за изменување и дополнување на Договорот за правна помош во граѓанските и кривичните предмети, за изменување и дополнување на Договорот за меѓусебно извршување судски одлуки во кривичните дела и за изменување и дополнување на Договорот за екстрадиција.