/ Прочитано:

2.410

Македонија на листата на признаени јурисдикции од страна на Регулаторот на адвокатски и правни фирми во Англија и Велс

„Адвокатската комора на РСМ се обрати до Регулаторот на адвокатски и правни фирми во Англија и Велс (Solicitor Regulation Authority – SRA) со барање за упис на Република Северна Македонија на листата на признаени јурисдикции од страна на Регулаторот.

(https://www.sra.org.uk/solicitors/qlts/recognised-jurisdictions.page ).

Ги известуваме сите членови на АКРСМ  дека, по неколку месечна постапка, Република Северна Македонија е запишана на листата на признаени јурисдикции од страна на Регулаторот. На овој начин, адвокатите од Северна Македонија со полагање на квалификацискиот тест ќе можат да работат како солицитатори во Англија и Велс. Повеќе на следниот линк: https://www.sra.org.uk/solicitors/qlts/key-features/“, се вели во соопштението на АКРСМ.

М.В