/ Прочитано:

3.634

Македонска берза: Од 8 јануари тргување со емисии на државни обврзници

„Согласно потпишаниот Договор помеѓу Министерството за финансии на РМ и Македонска берза АД Скопје, како и донесената Одлука на Одборот на директори на Берзата на седницата одржана на 20.12.2018 година, почнувајќи од 08.01.2019 година на Официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари. Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето“, се вели во соопштението на Македонска берза.

М.В