/ Прочитано:

891

Македонски и фрнацуски правници ќе дебатираат на теми од областа на трудовото право

Четврток, 21 февруари 2013 – „Компаративен преглед на правото во Франција и Македонија“ е темата на семинарот што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Француската амбасада во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и Правниот факултет од Скопје. 

Настанот во 10 часот ќе биде отворен од страна на амбасадорката на Франција Лоренс Ауер, а ќе се одвива на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во салата на научниот совет на Факултетот.

На семинарот ќе учествуваат дванаесет експерти, шест француски и шест македонски меѓу кои професори и наставници од правните факултети во Скопје и Каен (Франција), претставници на синдикати и на Институтот за човекови права. Експертите ќе ги споредуваат француското законодавство и искуства со македонските на следните теми: договорот за вработување, борбата против дискриминацијата на работа; работни спорови; постапки за отказ; овластувањата на работодавачот и заштита на работникот; заштита на социјалните права во Европската унија; работникот и Советот на Европа.