/ Прочитано:

1.072

Македонскиот Народен правобранител по вторпат одликуван со орден

Четврток, 22 ноември 2012 –  Заменик-амбасадорот на Шпанија, Естер Мартин Падрон денеска му врачи на Народниот правобранител Иџет Мемети, Орден за граѓански заслуги. Орденот е со кралски указ, доделен од страна на кралот на Шпанија, Хуан Карлос Први.

„Ова одликување за мене не е само поттик, туку и патоказ дека во вршењето на мојата функција сум одел во вистинската насока. Голема е честа кога човек по втор пат ќе почувствува дека му се вреднувани сите напори кои ги дал со цел да помогне во почитувањето, остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, а со тоа и за развојот на демократизацијата на општеството. Ова наедно е признание и за отвореноста и поддршката што ја имам од сите релевантни институции“, изјави Мемети по доделувањето на орденот. 

Шпанскиот крал одлучил дека македонскиот обдусман треба да се одликува поради неговата  долгогодишната работа на полето на заштитата на човековите слободи и права.

Заменик амбасадорот Естер Мартин Падрон на свеченото врачување посочи дека обдусманот низа години работата ја извршувал професионално, непристрасно, а резултатите биле очигледни. Според него, овој орден  меѓу другото било признание и за личниот квалитет на Мемети.

За неколку месеци Мемети е одликуван со орден по вторпат.  Во септември го доби одликувањето „Офицер на националниот ред за заслуги“, кое му беше доделено од страна на претседателот на Република Франција, Франсоа Оланд