/ Прочитано:

1.616

Македонското здружение на млади правници стана член на Меѓународната коалиција за притвор

Македонското здружение на млади правници стана член на Меѓународната коалиција за притвор (International Detention Coalition), специфична глобална мрежа на организации и индивидуалци кои заеднички работат на ставање крај на имиграцискиот притвор на барателите на азил, бегалците и мигрантите.

Над 300 граѓански организации и индивидуалци во повеќе од 70 земји застапуваат, истражуваат и обезбедуваат непосредни услуги за бегалците, барателите на азил и мигрантите кои се засегнати од имиграцискиот притвор.

По објавувањето на глобалното истражување за притвор од 2008 година, Меѓународната коалиција за притвор идентификуваше три стратешки приоритети: ставање крај и ограничување на притворот, развој и промовирање алтернативи на имиграцискиот притвор и подобрување на правата, условите и мониторирање на местата на имиграциски притвор.

Имиграцискиот притвор е една од фокусните точки во работата на МЗМП која се одвива преку мониторирање, информирање на притворените бегалци и мигранти за правото на азил, како и спроведување активности од областа на застапувањето.

М.В