/ Прочитано:

1.020

Македонци уапсени во Полска поради нелегално производство на цигари

Вторник, 12 март 2013 – Осуммина Македонци и тројца Полјаци, меѓу кои и сопственик на нелегална фабрика за цигари вчера беа уапсени од страна на полската полиција. Според првичните сознанија Македонците биле вработени во фабриката, а Полјаците ја обезбедувале.
„Во фабриката се запленети два тони тутун, 165 илјади цигари, милион филтери и 700 илјади празни картонски боксови за пакување. Во две хали со површина од по околу 1.500 метри квадратни полицијата нашла технолошка линија за производство на цигари на која работеле осуммина Македонци на возраст од 27 до 60 години“, изјавила портпаролката на полицијата во Лоѓ, Јоана Качка.

Полското Централно истражно биро, уапсените 11 мажи ги обвини за учество во организирана криминална група која се занимавала со нелегално производство на цигари. За тоа на обвинетите им се заканува казна од пет години затвор, а на првоосомничениот Полјак кој се смета за организатор и шеф на нелегалната работа му се заканува казна и до 10 години затвор.