/ Прочитано:

1.186

Малта ги легализираше истополовите бракови

Со 66 гласови „за“ наспроти само еден „против“, Националниот парламент на Малта усвои закон со кој се легализираат истополовите бракови, па сега во службата каде што се склучуваат граѓанските бракови, реченицата „ве прогласувам за маж и жена“, се заменува со „сега сте сопружници“.

Пратениците на претежно католичкиот остров Малта ги легализираа геј браковите. Со 66 гласови „за“ наспроти само еден „против“, Националниот парламент на Малта го усвои Законот кој се легализираат истополовите бракови, па сега во службата каде што се склучуваат граѓанските бракови, реченицата „ве прогласувам за маж и жена“, се заменува со „сега сте сопружници“.

Единствениот пратеник кој гласал „против“ вели дека својот глас го дал поради својата вера.

„Христијански политичар не смее да ја напушти својата совест кога ќе влезе во парламентот“, изјави пратеникот Едвин Васало.

Во 2014 година на геј паровите во Малта им беше овозможено да стапуваат во граѓанска заедница. Посвојувањето деца од страна на истополовите парови е исто така легално, иако абортусот сè уште е забранет.

Минатата година, бројот на исклучиво граѓански бракови го надмина бројот на венчавки во црква за прв пат.

Чекорот е уште еден доказ за трансформацијата на Малта од некогаш конзервативна нација на 440.000 жители, каде што разводот беше илегален до 2011.

Премиерот Јозеф Мускат вели дека би било дискриминирачки да се имаат посебни закони за паровите од различен и од ист пол.

Законот, исто така, повикува на отстранување на термините „татко“ и „мајка“, кои ќе бидат заменети со „родители“. Во Европската Унија веќе 14 земји усвоија закон со кој го легализираа истополовиот брак. Повеќе од 10 други, меѓу кои и Италија, имаат некаков вид истополова заедница или граѓанско партнерство.