/ Прочитано:

2.504

МАПАС: Продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд нема да влијае врз функционирањето на друштвото

„Мисијата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови“, се наведува во соопштението од МАПАС.

Под целосна контрола од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и во согласност со македонското законодавство, ќе се одвива процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, информира денеска МАПАС.

„Мисијата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови“, се наведува во соопштението од МАПАС.

Агенцијата соопштува дека процесот на продажба нема да влијае врз функционирањето на пензиското друштво ниту врз пензиските фондови со кои управува друштвото.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како што е наведено во соопштението, ќе продолжи да ги извршува своите функции во согласност со законската регулатива и во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови со кои управува.

А. Б.