/ Прочитано:

838

Маричиќ во Турција за дигитализацијата на македонските судови

„Министерот за правда, Бојан Маричиќ, е во неколкудневна работна посета на Турција. Предвидено е во Анкара министерот да одржи работен состанок со својот турски колега Абдулхамит Ѓул, на кој ќе се разговара за меѓусебната соработка во секторот правда, со фокус на претстојната дигитализација на македонските судови.

Маричиќ и делегацијата на Министерството за правда ќе го посетат и Советот на судии и обвинители, Академијата за правосудство на Турција, како и Генералниот директорат за информатичка технологија.

Посетата е во функција на размена на искуство во процесот на воведување на софистицирана информатичка технологија во судовите, имајќи предвид дека Северна Македонија влегува во овој процес во кој е предвидено целосно да се дигитализираат над 100 судници“, соопштуваат од Министерството за правда.

И Хан информиран дека ќе се дигитализираат 100 судници во земјата

Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В