/ Прочитано:

2.286

Марко Зврлески е новиот јавен обвинител на РМ

Понеделник, 21 јануари 2013 Марко Зврлевски и официјално е избран за јавен обвинител на РМ. Собранието на денешната собраниска седница го именува Зврлевски за носител на оваа функција со 6-годишен мандат. 

Марко Зврлевски досегашниот претседател на Вишото јавно обвинителство-Скопје од денеска стана државен јавен обвинител откако беше именуван од страна на Собранието на РМ. Од 1989 година па се до 1998 година, Зврлевски работи како стручен соработник во тогашното Општинско обвинителство во Скопје. Зврлевски има две годишно адвокатско искуство. Од 2000 година работи како Заменик јавен обвинител во скопското јавно обвинителство. Од 2005 година пак се сели во Одделот за организиран криминал и корупција. Подоцна во 2009 година од страна на Советот на јавни обвинители е избран за претседател на Вишо јавно обвинителство-Скопје. Во својата јавно обвинителска функција на скопското Јавно обвинителство има работено  на предмети од кривична материја и организиран криминал.