Масакр во Србија: Mаж уби 13 луѓе

Вторник, 9 април 2013 – Шеесет годишен маж, утрово во местото Велика Иванча кај Младеновац во Србија со огнено оружје уби 13 луѓе.

Како што пишуваат српските медиуми, 60-годишниот Љубиша Б. со огнено оружје застрелал шест жени, шест мажи и двегодишно дете. Потоа тој се обидел да се убие себеси и неговата сопруга, но според тамошните медиуми и двајцата се уште даваат знаци на живот. Сведоците велат дека дека човекот најпрвин го застрелал сопствениот син, а потоа одел во куќите на соседите и пукал врз се што му се наоѓало на патот. Српската полиција го блокираше местото и ги испитува мотивите за ова злосторство.