/ Прочитано:

1.700

Масовни протести во Романија против најавените реформи во правосудството

Повеќе од 30 000 Романци, кои протестираа во текот на ноќта на „Плоштадот на победата“ во Букурешт, поддршка добија и од романската дијаспора која во неколку европски градови, Амстердам, Минхен, Цирих и Бирмингем, организираше собири во знак на незадоволство од најавените владини планови, со цел да се спречат измените на даночниот и правосудниот систем во Романија. Истовремено, предложените реформи во правосудниот систем во Романија наидоа и на силна критика од страна на Европската комисија, странските дипломати и илјадници правници. Организаторите на протестите тврдат дека најавените реформи ќе го стават судството под политичка контрола.

Романските граѓани со протести во главниот град на земјата, Букурешт, како и во уште 70-ина други градови ширум Романија, со масовни протести се спротивставија на плановите на актуелната социјалдемократска влада за реформи во даночниот систем и правосудството. Повеќе од 30 000 Романци, кои протестираа во текот на ноќта на „Плоштадот на победата“ во Букурешт, поддршка добија и од романската дијаспора која во неколку европски градови, Амстердам, Минхен, Цирих и Бирмингем, организираше собири во знак на незадоволство од најавените владини планови, со цел да се спречат измените на даночниот и правосудниот систем во Романија.

Истовремено, предложените реформи во правосудниот систем во Романија наидоа и на силна критика од страна на Европската комисија, странските дипломати и илјадници правници.

Организаторите на протестите, неколку невладини организации и опозициски партии, тврдат дека измените во даночното законодавство ќе доведат до намалување на платите, а според нив доколку се направат измени во правосудството, тоа ќе доведе до ослабување на борбата против корупцијата.

Според нив, најспорните судски реформи се оние што предвидуваат инспекција која ќе биде задолжена за засилена контрола врз правосудството, на пример за  начинот на кој се избира јавниот обвинител. Измените предвидуваат и ставање вето на кандидатите за јавен обвинител од страна на претседателот на новоформираната инспекција.

Учесниците во протестите скандираа „Правда, не корупција“, „Крадци“ и „Оставки“, а носеа и транспаренти со натпис „Сè за правдата“. Тие тврдат дека најавените реформи ќе го стават судството под политичка контрола, оневозможувајќи го просторот за антикоруптивни истраги.

Инаку, „Транспаренси интернешнел“ ја рангира Романија меѓу најкорумпираните држави во Европската Унија, поради што јавните обвинители во Романија во последните десетина години отворија низа истраги против високи функционери и поранешни премиери, што беше јасен знак за решителна борба против корупцијата во Романија.

А. Б.