/ Прочитано:

2.122

Матичните гинеколози бараат измена на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита

Забелешките на матичните гинеколози се однесуваат на надоместокот за капитација, кој според членот 5 од овој Правилник е потенцијален месечен износ на надоместок што осигуреното лице може да го донесе како износ кој ѝ се плаќа на здравствената установа за тимот на избраниот лекар за обезбедување на услугите. Според матичните гинеколози, капитацијата од 50 денари по пациент е ниска. Бараат да се зголеми за уште 5 денари, со што би се усогласила со капитацијата што ја добиваат општите лекари и педијатрите.

Со Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита се утврдуваат критериумите за склучување договори со здравствените установи и начинот на плаќање на здравствените услуги кои здравствените установи им ги даваат на осигурените лица во примарната здравствена заштита на товар на средствата за задолжително осигурување на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Забелешките на матичните гинеколози се однесуваат на надоместокот за капитација, кој според членот 5 од овој Правилник е потенцијален месечен износ на надоместок што осигуреното лице може да го донесе како износ кој ѝ се плаќа на здравствената установа за тимот на избраниот лекар за обезбедување на услугите. Според матичните гинеколози, капитацијата од 50 денари по пациент е ниска. Бараат да се зголеми за уште 5 денари, со што би се усогласила со капитацијата што ја добиваат општите лекари и педијатрите.

„Фондот за здравствено осигурување им ја зголеми висината на капитацијата на општите лекари и на педијатрите на 55 денари во јануари. Ова се случи откако тие претходно потпишаа анекс-договори за 2016 година. Ние не ги прифативме бидејќи условите не беа прифатливи за нас и сега работиме според договорот од 2014 година. Сметаме дека ова е направено бидејќи бодот треба линеарно да се зголеми за сите, а не само за некои“, вели Душко Филиповски, претседател на Здружението на матични гинеколози.

Тој предлага два модела на плаќање. Првиот би бил групирање според возраст, затоа што, како што вели, не е ист ангажманот пред, после или за време на репродуктивниот период на жената.

„Капитацијата за сите пациентки над 12 години е иста, односно 50 денари , што е во пракса неприфатливо. Со ова се понижува струката специјалист гинеколог-акушер, а со тоа се понижува и гинеколошкото здравје на жената. Ова не е случај кај другите матичните лекари. Според Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, нивните пациенти се систематизирани според возрасни групи. Тие имаат еден унифициран ценовник бидејќи можат да примаат (прикрепуваат) пациенти од сите возрасти (од новороденчиња до највозрасни пациенти) без разлика дали се специјалисти или не. Всушност, тие прифатиле да бидат исто рангирани и нивната струка и стручност да биде исто вреднувана“, вели Филиповски.

Така, на пример, кај педијатрите за деца до 6 години капитацискиот бод од 55 денари се помножува со коефициент од 3,1. Износот што се добива е 170,5 денари месечно или 2.046 денари годишно за 1 (еден) прикрепен пациент.

За пациенти од 6  до 18 години коефициентот е 1,2, за пациенти од 18 до 34 години коефициентот е 1, за пациентите од 34 до 65 години коефициентот е 1,6, додека за највозрасните, oднoснo за oние над 65 години, коефициентот е 3,7.

Според Здружението на матични гинеколози, систематизирањето според возрасни групи би требало да се спроведува на следниот начин:

За пациентките до 18 години да биде обезбедена капитација од 55 денари помножена со единица бод, што значи 55 денари месечно или 660 денари годишно, наместо сегашните 600 денари годишно. За пациентките од 18 до 45 години капитацискиот бод да биде 3,7, што е 203,5 денари месечно, односно 2442 денари годишно наместо сегашните 600 денари годишно. За пациентките од 45 до 65 години капитацискиот бод да биде 1,6, односно 88 денари месечно или на годишно ниво, 1056 денари, наместо сегашните 600 денари. И за највозрасните пациентки над 65 години капитацискиот бод да биде единица, сосема идентично, како кај пациентките до 18 години.

Во моментов, вредноста на бодот е регулиран според Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита. Членот 7, став 2 од овој Правилник гласи:

„Во зависност од бројот на остварени поени за дејноста гинекологија за женската популација на возраст над 12 години, до крајот на животот, вредноста на поенот се пресметува на следниот начин: За гинеколозите 1 (еден) поен значи 1 (еден) прикрепен пациент.

До 4.000 поени (прикрепени пациенти) 100% од утврдената вредност на поените е 50 денари месечно по прикрепен пациент.

За секој нареден поен (прикрепен пациент) од 4.001 до 5.000 поени. 70% од утврдената вредност на поените е 35 денари месечно.

За секој нареден поен од 5.001 до 6.000  поени (прикрепен пациент), 45% од утврдената вредност на поените е 22,5 денари месечно

За секој нареден поен од 6.001 поени (прикрепен пациент), 30% од утврдената вредност на поените е 15 денари месечно.

Вториот модел на плаќање што го предлагаат гинеколозите би бил сличен на оној што сега го практикуваат матичните стоматолози. Кај нив, капитацијата го покрива основниот пакет-услуги. Сè што излегува од неговите рамки потоа го исплаќа Фондот според добиени фактури.

За да се реши проблемот со капитацијата во гинекологија, тие сметаат дека е неопходно:

1) Определување прегледи, дијагностички и тераписки активности што можат да ги вршат вонболничките, односно (матичните) гинеколози.

2) Пакет-услуги (кои прегледи, дијагностички и тераписки постапки и интервенции ѝ следуваат на пациентката за 600 денари годишно ако само еднаш или повеќе пати го посети матичниот гинеколог .

3) Вреднување на ангажманот на колегите матични гинеколози кои водат и породувања во внатрешноста каде што има родилишта.

4) Определување минимален финансиски износ без кој не може да функционира ПЗУ по гинекологија и акушерство.

3) Други нерегулирани појави што се јавуваат при секојдневното работење.

Изменa нa Правилникот, вo делoт нa кaпитaцијaтa бaрaaт и мaтичните стoмaтoлoзи. Спoред Влaдo Пoпoвски, претседaтел нa стoмaтoлoшкaтa кoмoрa нa РМ, кaпитaцискиот бoд требa кoнтинуирaнo дa рaсте, a вo иднинa ќе биде неoпхoднo и дa се утврди минимaлнa ценa нa услугите.

„Се прaвaт aнaлизи и сo детaлите брзo ќе излеземе“, вели Пoпoвски. Лекaрите oд oстaнaтите дејнoсти, истo тaкa, нaјaвувaaт дека нaскoрo ќе излезaт сo свoи бaрaњa вo oднoс нa Прaвилникoт. Спoред министерoт зa здрaвствo Арбен Тaрaвaри, буџетoт зa oвaa гoдинa е дефинирaн и вo тие рaмки немa прoстoр зa исплaтa нa дoпoлнителни средствa. Зa пoнaтaму нaјaвувa прегoвoри нa кoи секoјa oд стрaните ќе имa мoжнoст дa ги изнесе свoите aргументи.

А. Б.