/ Прочитано:

2.317

Меѓаши бара кривичното дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ да не застарува

Директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац, апелира до надлежните државни институции да подготват и да донесат законско решение според кое нема да има застарување на кривичното дело „полов напад врз дете кое нема наполнето 14 години“.

„Само во тој случај, доколку се открие преку сведоштво на поранешни штитенички од установите како ‘25 Мај’, кои во континуитет биле тргувани и сексуално злоупотребувани, ќе може да се поведе кривична одговорност и за овие дела од минатото. Ова е можност целосно да се расчистат случаите со злоупотреба на штитенички од државните установи за згрижување, каков што беше последниот случај со сексуалната експлоатација на девојчето од установата за згрижување деца со социјални и воспитни проблеми ‘25 Мај’“, смета Змијанац.

Кривичното дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ е пропишано во членот 188 од Кривичниот законик. „Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку 12 години“, се пропишува во ставот 1 од овој член.

Ако поради делото од посочениот став 1  настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 15 години или со доживотен затвор.

Адвокатката Софија Бојковска со нови детали во врска со случајот со девојчето штитеник од „25 Мај“  (М.В)