/ Прочитано:

1.649

МЕЃАШИ: Да се најде решение за овозможување на правото на образование на секое дете

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ бара Министерството за образование да го  почитува уставно загарантираното право на образование на секое дете.

„На вториот ден од новата учебна година 2019/2020 г., сите дојави на СОС- телефонот за деца и млади 02/2465316 во Детската амбасада ’Меѓаши’ се во врска со непримањето на првачињата за кои родителите/старателите не доставиле документација за уредно примени вакцини.

Бараме Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за одбивање на уписот на првачињата кои не доставиле документ за задолжителна вакцинација и да понуди решение коешто нема да го прекрши основното право на децата на образование.

Воедно сакаме да потсетиме дека:

– невакцинираните деца се под стрес и државата мора да им го овозможи правото на образование. Наместо радост за првиот училиштен ден, тој за многу деца се претвори во кошмар!

– ранливите групи деца што не се опфатени во системот на образование поради здравствени проблеми, енормна сиромаштија, миграција или немање лични документи и понатака остануваат надвор од кругот и државата мора да обезбеди соодветни услови за нивно вклучување во воспитно-образовниот систем.

Да потсетиме на последните препораки на Комитетот за правата на детето при ООН:

Државата членка ’да преземе итни мерки за да осигури дека на децата не им се одбива пристап до образованието врз никоја основа’ и на членот 44 од Уставот: ’Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно’.

Доколку проблемот со исклученоста на децата од образовниот систем не се реши, за оваа состојба на непочитување на правото на образование на секое дете, ќе ги информираме членовите на Комитетот за правата на детето при ООН и ќе побараме конкретни мерки/препораки до Македонија како држава која ја има потпишано и ратификувано Конвенцијата за правата на детето.

Последните препораки од Комитетот за правата на детето при ООН: http://www.childrensembassy.org.mk/prava-na-deteto-ns_article-preporaki-na-komitetot-za-pravata-na-deteto-dostaveni-do-vladata-na-republika-makedonija-po-osnov-vt.nspx“, соопштуваат од „Меѓаши“.

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Граѓански организации: Новиот Закон за основното образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство

Предлог-законот за основното образование има сериозни недостатоци, велат од  Мрежата за заштита од дискриминација

Јавна расправа за Предлог-законот за основното образование

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В