/ Прочитано:

924

Меѓу кандидати за градоначалници има тројца сомнителни, Комисијата за верификација на фактите ќе утврдува дали биле кодоши

Среда, 20 февруари 2013 – Тројца од кандидатите за носители на јавна функција како советници и градоначалници се сомнителни како можни соработници на тајните служби. Нивните имиња фигурираат во евиденцијата на Комисијата за верификација на фактите. На седница денеска членовите на комисијата ќе се изјаснат дали меѓу кандидатите има кодоши, инмормираат оттаму. 

„Комисијата за верификација на фактите ја исполни обврската и во предвидениот рок ги испрати до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државениот архив, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана проверените кандидатски листи, односно  на 6.339 лица-кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници. Ова е првпат Комисијата за лустрација да биде директно вклучена во изборниот процес. На минатите локални избори кандидатите поднесуваа изјави заверени на нотар дека не биле соработници на тајните служби и ги доставуваа во ДИК со оглед дека тогаш Комисијата за лустрација не беше формирана и не функционираше“, рече Предраг Димитровски портпаролот на Комисијата за верификација на фактите.