/ Прочитано:

1.221

Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари

 

Во Владата  се одржа свечено потпишување на меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупцијата и перењето пари.

Поддршката за зголемена меѓуинституционална соработка и креирање на веб-алатка – „Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, ја дадоа педесет државни институции.

Целта на овој систем е да ја зајакне соработката помеѓу сите институции вклучени во превенција и борба против  корупцијата, без притоа да поднесуваат посебно барање за да добијат одредени податоци кои и онака можат да ги прибават законски. Со овој систем се очекува значително олеснување на меѓуинституционалната комуникација, а со тоа и зголемување на ефикасноста во борбата против корупцијата и перењето пари.

Потписници на овој меморандум беа и министерката за правда, Рената Дескоска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кои имаа свои поздравни говори на денешното потпишување.

Министерката за правда, Рената Дескоска, истакна дека овој систем, веб-апликација, ќе овозможи размена на податоци за известување за тримесечните извештајни периоди без никакви дополнителни административни процедури.

„Со оваа меѓуинституционална соработка, институциите корисници ќе може да следат предмети во кривична и прекршочна постапка, дисциплински постапки со кривични предмети со коруптивен елемент, иницијативи за кривично гонење. Покрај ова, институциите корисници ќе може да го следат постапувањето по предметите – како пријави и извештаи кои ги поднеле, оформиле или доставиле на постапување на други институции, како што се јавните обвинителства, судовите, органите за спроведување на законот и казнено-поправните установи“, потенцираше Дескоска.

Министерот Спасовски истакна дека овој систем има голем потенцијал и дека очекува позитивни резултати и придобивки во борбата против корупцијата.

„Политиката што ја прифаќа одговорноста бескомпромисно да ги менаџира јавните интереси, а не приватните,  има шанса и можност квалитетно да се спротивстави на корупцијата. Ние сме способни за една таква борба против корупцијата дотолку повеќе што во изминатиот период  успешно установивме низа нормативни и други институционални механизми, што недостигаа, а се клучни за ефикасна борба против корупцијата“, рече меѓу другото во своето обраќање министерот Спасовски.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, смета дека борбата со корупцијата претставува голем предизвик затоа што подразбира менување на политичката култура и културата на живеење, а дека успехот во таа борба е возможен само кога се има координиран пристап и кога сите чинители во општеството се свесни за важноста на искоренувањето на корупцијата. Според министерот, овој меморандум е уште еден пример како дигитализацијата помага во борбата со корупција.

„Многу често зборувам за придобивките од новите технологии, од дигитализацијата и како тие ни го менуваат животот. Една од позитивните страни на дигитализирањето на процесите е отстранување на човечкиот фактор, што директно влијае врз намалување на корупцијата“, потенцираше Манчевски.

Покрај Министерството за правда, Министерството за надворешни работи и Министерството за информатичко општество и администрација, потписници на овој меморандум се и ДКСК, Јавното обвинителство, СЈО, Врховниот суд, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, сите апелациони и основи судови во Република Северна Македонија, Државниот завод за ревизија, Агенцијата за администрација, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за извршување на санкциите, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

М.В