/ Прочитано:

1.633

Меѓународен ден на заштитата на личните податоци

Денес се одбележува 28 јануари – Меѓународниот ден на заштитата на личните податоци. По тој повод, Дирекцијата за заштита на личните податоци подготви нов Закон за заштита на личните податоци, кој е усогласен со Општата регулатива за заштита на лични податоци на Европската Унија.

Новиот закон  предвидува поголеми права за физичките лица (субјектите на лични податоци), а поголеми одговорности и казни за оние што ги обработуваат нивните лични податоци (контролорите).

Анализите на Дирекцијата за заштита на личните податоци покажуваат дека сѐ повеќе граѓани на Република Македонија своите активности ги остваруваат преку интернет-сервиси и услуги (како што се на пример: онлајн продавници, електронски услуги, електронски нарачки, електронско банкарство и електронско плаќање, социјални мрежи и медиуми, итн.).

Во насока на што поголема заштита на приватноста и личните податоци од измами и злоупотреби, Дирекцијата како добра практика при користењето на медиуми за електронска обработка на личните податоци го препорачува следното:

–           Секогаш заклучувајте го медиумот (системот) кога не го употребувате;

–           Користете силни, сложени лозинки за најава во системот;

–           Никогаш не запишувајте ја вашата лозинка. Настојувајте таа да биде запаметена;

–           Никогаш не користете една иста лозинка за сите ваши онлајн активности;

–           Секогаш користете последна верзија на безбедносни софтверски апликации;

–           Кога користите онлајн услуги кои бараат откривање на вашите лични податоци, водете се според принципот на „здрав разум“, односно тоа што се бара од вас да има логика;

–           Кога користите онлајн услуги кои бараат откривање на вашите лични податоци, настојувајте тоа секогаш да се прави со помош на систем за криптирање (на пример да има „https://“ протокол);

–           Не отворајте ја електронската пошта од непознати испраќачи;

–           Направете си сигурносна копија (back-up) на податоците кои ви се важни;

–           Користете безбедна безжична мрежа (Wi-Fi) за интернет.

Министерство за правда го подготвува новиот Закон за заштита на личните податоци

Новата регулатива радикално ќе ги подобри правата на граѓаните