Според него, фактот што ние сме првата земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција, покажува дека Владата има искрена намера за неселективна правда и транспарантни судски процеси.
Во своето излагање министерот за правда, пред првите луѓе на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјата, се осврна и на важноста и придобивките од заедничката соработката, посочувајќи го проектот за мониторинг како значаен исчекор напред во борбата против корупцијата, којашто бара силна поддршка и вклученост на сите засегнати страни.
Министерот за правда верува дека неговата лична заложба и на Владата ќе се исполни и вистински овој мониторинг ќе помогне на македонското да стане европско судство.