/ Прочитано:

2.181

Меѓународна  конференција „Корупцијата и високото образование“

Денес на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа Меѓународната  конференција „Корупцијата и високото образование“, во организација на  Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ.

На конференцијата учествуваа 25 професори и истражувачи од регионот на  Југоисточна Европа, кои презентираа трудови поврзани со актуелната состојба и трендовите во врска со корупцијата во високото образование, како и за улогата на наставните програми во спречувањето на корупцијата.

Посебна сесија беше посветена на можностите на Законот за заштита на  укажувачите во спречувањето на корупцијата во високото образование. До крајот на септември ќе биде објавен и зборник на трудовите од конференцијата на англиски јазик. Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Универзитет без  корупција“, финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.

М.В