/ Прочитано:

1.541

Меѓународна конференција за внатрешна контрола и ревизија

Размената на искуства во делот на внатрешната контрола и внатрешната ревизија во јавниот сектор е целта на Меѓународната конференција што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на ПЕМПАЛ – ИАКОП (PEMPAL – IACOP). Најавено е учество на повеќе од 70 претставници од министерствата за финансии од Јужна Америка, Африка, Западна Европа и од државите од поранешниот Советски Сојуз. Пред учесниците на конференцијата ќе се обрати министерот за финансии, Драган Тевдовски.