Меѓународна парламентарна стипендија од германскиот Бундестаг

Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје известува за можноста за добивање на „Меѓународна парламентарна стипендија“ (ИПС) од страна на германскиот Бундестаг за 2022 година.

Млади дипломци од Источна и Југоисточна Европа, Франција, Израел, САД и арапските земји добиваат можност да хоспитираат кај пратеник во германскиот Бундестаг и на тој начин преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.

Програмата трае од 1 март до 31 јули 2022. Меѓу другото, предуслов за избор се одлични познавања на германскиот јазик и политика, општество и историја.

За дополнителни информации: www.bundestag.de/ips или  www.skop.diplo.de .

Крајниот рок за пријавување е 31 јули 2021 година.

Апликациите треба да се достават до Германската амбасада во Скопје, по е-пошта (info@skop.diplo.de), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со комисија од германскиот Бундестаг.