/ Прочитано:

1.159

Меѓународната асоцијација на адвокати организира конференција за современата арбитража во Истанбул

Комитетот за арбитража при Меѓународната асоцијација на адвокати организира конференција за современата арбитража, која ќе се одржи во Истанбул.

Под мотото „Нови идеи за практикувањето на арбитражата“ на конференцијата ќе бидат реализирани серија панели посветени на арбитражното работење.

На секој панел ќе биде презентирана нова идеја како предизвик за клучните аспекти на современата меѓународна арбитража. Деталите за конференцијата, која ќе се одржи на 12 и 13 март, може да се погледнат на следниот линк.