/ Прочитано:

1.366

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА: Македонското и турското јавно обвинителство ќе разменуваат информации за борба со криминалот

Тој опфаќа форми и начини на соработка во областа на борбата против тероризмот, кривичните дела поврзани со корупција, меѓународниот организиран криминал, трговијата со луѓе и нелегалната миграција, неовластеното производство, трговија и шверц на оружје, муниција и експлозиви, нуклеарни и радиоактивни материјали, стоки и технологии со потенцијална двојна употреба, неовластеното производство и недозволена трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, економскиот криминал и компјутерскиот криминал“, велат од Јавното обвинителство.

Меморандум за соработка меѓу македонското јавно обвинителство и турското јавно обвинителство

Јавното обвинителство на Република Македонија ќе соработува и ќе разменува информации за водење на истраги и борба против криминалот со турското јавно обвинителство.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски и Мехмет Акарџа, републички главен јавен обвинител на Врховниот апелационен суд на Република Турција, вчера потпишаа меморандум за соработка.

„Тој опфаќа форми и начини на соработка во областа на борбата против тероризмот, кривичните дела поврзани со корупција, меѓународниот организиран криминал, трговијата со луѓе и нелегалната миграција, неовластеното производство, трговија и шверц на оружје, муниција и експлозиви, нуклеарни и радиоактивни материјали, стоки и технологии со потенцијална двојна употреба, неовластеното производство и недозволена трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, економскиот криминал и компјутерскиот криминал“, велат од Јавното обвинителство.

Во рамките на посетата, која е прва официјална посета на јавен обвинител на Република Македонија на турското јавно обвинителство, беа остварени средби со првите луѓе на Врховниот суд на Република Турција, Академијата за судии и јавни обвинители на Република Турција, Основниот западен суд на Анкара и Националниот информативен систем за правосудството.