/ Прочитано:

1.133

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

На 1 март 2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, потпишаа меморандум за соработка за заемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Потпишувањето на овој меморандум, истакнуваат од Академијата за судии и јавни обвинители, беше резултат и потврда на веќе воспоставената долгогодишна соработка меѓу двете институции.

М.В