/ Прочитано:

1.353

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијатори на РМ и Центарот за правни истражувања и анализи 

Претседателот на Комората на медијатори на Република Македонија, Славе Младеновски, и претседателот на Центарот за правни истражувања и анализи, Лидија Стојкова-Зафировска, потпишаа меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е зајакнување на досегашната соработка помеѓу Комората на медијатори на Република Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи во насока на остварување на заедничките цели и заложби.

Страните потписнички се договорија дека ќе соработуваат во насока на унапредување на независноста и самостојноста на медијаторите, изработка на проектни идеи и нивна имплементација во согласност со потребите, унапредување на регионалната соработка и јакнење на капацитетите на медијаторите, промовирање на принципот пристап до правда за сите, како и исполнување на меѓународните стандарди.

Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување и не е временски ограничен, со оглед на потребата од континуирана и суштинска соработка помеѓу страните потписнички.

М.В