/Прочитано:

173

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Владата и Комората на медијаторите денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдени начелата за заемни активности во областа на алтернативното решавање спорови со медијација, како и за соработка и заеднички активности за поддршка, унапредување, практикување, промовирање, јакнење и развој на медијацијата.

„Во име на Владата на РСМ меморандумот го потпиша претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а во име на Комората на медијаторите на Северна Македонија – нејзиниот претседател, Славе Младеновски, кој по тој повод истакна дека меморандумот е силен израз на поддршката на Владата на РСМ за медијацијата како начин на решавање на споровите, и дека таа за прв пат е ставена во официјален документ од стратешко значење како што е Стратегијата за реформа на правосудниот систем“, информираат од Владата.

М.В