Меморандум за соработка меѓу СЕП и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Меморандум за разбирање меѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување.
Со Меморандумот со Естонија, којашто е лидер во дигитализацијата и е-управувањето, се дефинираат областите на соработка, и тоа:
• Мапирање на моменталната состојба во однос на дигитализацијата и е-управувањето во Република Северна Македонија;
• Подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната, рамката на политики и институционалната рамка за дигитализација и е-управување во Република Северна Македонија;
• Размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги помеѓу страните;
• Студиски претстој во Естонија за претставници од јавните институции од Република Северна Македонија;
• Помош при развој и спроведување на посебно ИТ-решение во Република Северна Македонија;
• Поддршка при осмислување и испорака на обуки неопходни за спроведување на ново решение со цел управување со промените во Република Северна Македонија;
• Размена на експертиза и искуства при развојот на алатките за комуникација за подигање на јавната свест во однос на примената на ИТ-технологии во Република Северна Македонија.