/ Прочитано:

1.105

Меморандум за соработка за заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот

Рената Десковска, министерка за правда, Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора, и Лазар Нанев, претседател на невладината организација Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција, потпишаа меморандум за соработка.

Главната цел на оваа соработка е да се унапреди знаењето на адвокатите и да се подобри заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца кои извршиле кривично дело или кои се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви. Соработката ќе придонесе да се зајакне поврзувањето на сите институции, особено во поглед на прибирањето и користењето на податоците за деца во контакт со законот.

Според Законот за правда на децата, секој адвокат треба најмалку пет дена во текот на годината да следи специјализирана обука за правда за деца. Меморандумот за соработка предвидува специјализирани обуки за адвокатите што работат со деца во контакт со законот, според претходно подготвена програма за теоретска и практична настава.

М.В