/ Прочитано:

1.009

Малверзации со земјиште – причина за апсењето на поранешниот директор на УБК и двајцата адвокати

Четврток, 18 април 2013 – Финансиски малверзации поврзани со земјишната парцела лоцирана кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ на кое беше предвидено да се гради словенечки „Меркатор“ неофицијално е причината за синоќешното апсење на Слободан Богоевски, поранешниот директор на УБК, но и уште неколку лица, меѓу кои скопските адвокати Васко Томановиќ и Владо Пешликоски, посочуваат извори на „Академик“. Уапсените се сомничат за три кривични дела: перење пари, фалсификување исправи и користење на исправи со лажна содржина.

Пред судот се донесени пет лица, а неофицијално се очекува да бидат донесени уште тројца. Останатите приведени се управители на фирми.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.