Мерки на одбрана на акционерските друштва од преземање контрола – научен труд од доц. д-р Борка Тушевска
Автор: Доц. д-р Борка Тушевска, професор по деловно право и продекан на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“
Пристапувањето кон анализа и елаборирање на прашањата за „непријателското преземање“ (hostile/unfriendly takeover) и „мерките на одбрана“ (defensive measures) бара темелно проучување на ова сложена и контроверзна проблематика. Имено, бројните практични проблеми, неусогласената судска практика и непостоењето на соодветни/конкретни законски решенија на полето на преземањето, предизвика широки и суштински дискусии во рамки на повеќето земји членки на европската заедница и европската комисија. Во компаративно правната литература и легислатива егзистираат повеќе хетерогени решение на полето на преземањето. Токму хетерогеноста на решенијата од поединечните правни системи/законодавства претставува научен стимуланс/предизвик за пристапување кон продлабочена анализа и конструирање на едно оптимално de lege ferenda решение.
Актуелноста и комплексноста на проблематиката – „мерки на одбрана од преземањето контрола“ – најилустративно преку случајот Gucci v. LVMH (Moët Hennessy Louis Vuitton SA) – неуспешниот обид на LVMH за преземање на Gucci.
Непријателското преземање (преземање на акционерско друштва спротивно на волјата на управата на друштвото). претставува материја што го привлекува вниманието на поширок круг интересенти – адвокати, банки, брокерски куќи, инвестирачки компании итн. Во современата правна теорија, под околопот на ова прашање, посебна/нова димензија добива материјата „мерки на одбрана од непријателско преземање“ на што ќе го фокусираме нашето внимание во овој труд.
Современата компаративна регулатива во поглед на ова проблематика утврдува две спротивставени тенденции, оставајќи простор за модифицирање на егзистирачките решенија зависно од потребите на општестевено-економскиот развој. Ова, во смисла на тоа што, одделни правни системи манифестираат тенденција на ограничено дејство на мерките на одбрана, наспроти законските решенија кои форсираат нивна широка употреба.
>> Целосниот текст на трудот во прилог: Мерки на одбрана на акционерските друштва од преземање контрола